social imagesocial image
ЗА НАС

“Нашата мисија е промоција и унапредување на хипхоп танцот во Македонија.
Танцувањето значи насмеани лица и позитивна енергија.”

Училиштето за хип хоп и модерни танци Брејк а Лег од Скопје е основано во Октомври 2008 година. Во Брејк а Лег тренираат околу 400 танчери од сите возрасти, почнувајки од 4 годишна возраст па се до 50. Тренинзите ги држат професионални танчери и дипломирани педагози со балетско и танцово образование. Во текот на нашето 13 годишно постоење имаме освоено бројни награди на национални натпревари и на меѓународен план.
Нашата мисија е промоција и унапредување на хипхоп танцот во Македонија, преку организирање меѓународни танцови натпревари, танцови работилници, предавања од познати кореографи и пред се најважното е поттикнување на физичката активност која е неопходна за правилен психофизички развој на младите генерации.

Танцувањето е среќа

Танцот е директно поврзан со ендорфинот или хормонот на среќата, кој ни го подобрува расположението и е одличен лек против стресот и ја зголемува вашата самодоверба.

Придобивки

Танцот ја подобрува флексибилноста и моториката , ја зголемува енергијата и издржливоста на телото.

Танцувањето е супер кардио тренинг

Со танцувањето ги активираме сите мускулни групи во телото и е совршен начин за одржување на одлична фигура , но и за слабеење. Во зависност од интензитетот може да се согорат до 20 калории во минута.

Тимска работа

Танцувањето е најдобар начин за социјализација на децата. На часот по танц тие учат како да работат во тим, се социјализираат и стекнуваат нови пријателства и моменти кои ќе им останат засекогаш.

Сакате да ни се придружите?

 
Дојдете, уживајте и танцувајте со најдобрите. Европски и Светски Вицешампиони во ХипХоп!!!
 

Нашиот тим

Тренинзите ги држат професионални танчери и дипломирани педагози со балетско и танцово образование.
НАТПРЕВАРИ И НАСТАПИ 
Во текот на нашето 15 годишно постоење имаме освоено бројни награди на национални натпревари и на меѓународен план.
Нашите тренери и ученици имаат настапувано на бројни манифестации, во државата и надвор од неа.