Здравиот начин на живот и спортувањето се најважни предуслови за заштита на нашето здравје. Танцот е како основа за натамошен правилен развој на децата, за нивно насочување, за стекнување на навики во тинејџерски години, за подигнување на свеста и за негување на задоволително ниво на спортски активности при трансфер од втората во третата деценија во животот.
Кои се придобивките од танцувањето?
● координација, флексибилност и подобрена моторика
● подобрена издржливост, сила и мускулен тонус
● подобрена функција на белите дробови и срцето
● Социјализација и тимска работа