Македонија домаќин на Европското Првенство во ХипХоп 2022

Одлични вести за сите хипхоп танчари во Македонија , Македонија ќе биде домаќин на Европско во ХипХоп.
Македонската публика ова лето ќе може да ужива во инзвонредни хипхоп перформанси кои ќе ги гледаме на Европското Првенство во ХипХоп кое ќе се одржи од 1ви до 5ти Јули во Спортскиот Центар Јане Сандански.
Натпреварот е во организација на танцовите клубови Брејк А Лег и ИТ ДА БИТ , а е под покровителство на Светската Танцова Организација ИДО.
На Европското Првенство во хипхоп учество ќе земат над 2500 напреварувачи од 25 земји кои ќе се напреваруваат во повеќе дисциплини како: hiphop, popping, hiphop battle итн. 
Ова е одлична прилика за македонските танчери да го покажат својот квалитет и е од особено значење за развојот на танцот во Македонија со оглед на фактот дека за учество на едно европско првенство надвор од Македонија се потребни огромни финансиски средства кои поголемиот дел од танчерите не можат да си ги дозволат.