Одлични вести: Продолжуваме со хип хоп тренинзи во сала!

По долгата пауза предизвикана од рестриктивните мерки за заштита од корона вирусот , конечно продолжуваме со тренинзите во затворен простор. Иако досега како сектор немавме ниту еден случај на трансмисија на ковид помеѓу танчерите, сепак танцовите клубови останаа затворени речиси месец и половина. Дечињата едвај чекаат да се вратат и да тренираат хип хоп и да се видат со своите другарчиња. 
Новите простории на Брејк а Лег во СЦ Борис Трајковски се едни од најмодерните и најубавите во регионот, располагаме со три сали каде децата можат да ги изучуваат основите на хип хопот, но и останатите танци како класичен и модерен балет. За повеќе информации побарајте не 070 207 206

Галерија