Важноста на тренажниот процес за развојот на децата

Тренингот е сложен и систематски процес кој е составен дел во едукацијата од областа на секој вид танц. Тренерот е должен да го спроведе тренингот со добро познавање на методите, задачите, постапките и целите на тренажниот процес. Принципот на работа зависи од структурата и од возраста на групата во која ќе се спроведува. За таа цел тренерот мора да има изготвено план за успешна работа.
Нашата парола е дека не постојат помалку или повеќе талентирани деца туку постојат пристап, знаење и правилно применети методи од страна на тренерот.

Во однос на програмата во Брејк а Лег имаме: техничка, кондициска и сценска програма.

Техничка програма: има задача да го воведе танчарот во новиот стил преку изучување и усовршување на техниката. Вежбите кои се спроведуваат за таа цел се следни: 

  • Вежби за техника, наменети за координација на тело и простор

  • Методи применети за учење на стиловите

  • Принцип на контраст (вежби за брзо - бавно, мало - големо, тесно - широко и меко -силно движење)

  • Примена на другите танци, сѐ со цел усовршување на примарниот танц кој се изучува

Кондициска програма: оваа програма се користи за максимизирање на перформансот, бидејќи техниката и кондицијата се неделиви. За таа цел танчарот треба да посети прегледи по спортска медицина за да може да одговори на ваков вид тренинг. Важна алка во создавањето на кондициската подготвеност на танчарот е исхраната. 

Кондицискиот дел се дели на три фази:

  • Фаза на влегување во кондиција 

  • Фаза на континуирана кондиција

  • Временска кондиција

Сценска програма: ги надополнува претходните две и ја доведува изведбата до совршенство, при што акцент се става на гестикулациите, мимиките и изразот на лицето со кои се нагласуваат одредени емоции во изведбата.Тренажниот процес главно е поделен по две ставки: 

  • старосна 

  • квалитативна

Автор на текстот: Андријана Петковски - Магистер по балетска педагогија при ФМУ